а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поврати

повратат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Врати некого назад, натера да се врати.
Англиски: return Албански: kthej
Примери:
Само што излезе, таа го поврати.
Носталгијата нè поврати во крајот наш роден.
2. Врати, добие назад нешто одземено, изгубено.
Англиски: re-posses Албански: kthej
Примери:
Одвај успеа да поврати нешто од тоа што му го национализираа.
Се надеваше дека судот ќе му го поврати имотот.
3. Врати нешто во претходна состојба.
Англиски: recover Албански: kthej
Примери:
Поврати вера.
Поврати снага.
Поврати надеж.
Поврати расположение.
4. освести, излекува
Англиски: recover Албански: bie në mend
Примери:
Одвај со вода го повратија.
Го удираа по лицето за да го повратат.
По долго лекување успеале да го повратат.
5. одговори, возврати
Англиски: reply Албански: përgjigj
Примери:
Сакаше да му поврати, ама се воздржа.
6. (се поврати) Се врати, дојде назад.
Англиски: return back Албански: kthej
Примери:
Се поврати нешто да си земе.
7. (се поврати) Се врати претходната состојба.
Англиски: recover Албански: kthej
Примери:
Животот во селото пак се поврати.
Зимата се поврати.
Смелоста им се поврати.
8. (се поврати) Си дојде на себе, се освести.
Англиски: recover Албански: kthej
Примери:
Стана свесен за сè, наполно се поврати.
9. (се поврати) закрепне, заздрави
Англиски: heel Албански: anohet
Примери:
По операцијата, се поврати.
Го понудија со ракија, да се поврати.
10. Исфрли низ уста храна од желудникот.
Англиски: vomit Албански: vjell
Употреба: Медицина
Примери:
Болниот пак повратил.
Му се слоши, за малку ќе повратеше.
11. (Ми, ти, му... се поврати) Чувствува нагон да поврати.
Англиски: vomit Албански: vjell
Употреба: Медицина
Примери:
Од тоа му се повраќа.
Изрази
Болеста го поврати - повторно се разболе.
Изведенки
1. повраќа несв.
(се) повраќаат
2. повраќање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи