а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

повика

повикаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Упати усна или писмена покани.
Англиски: invite Албански: ftoj
Примери:
Го повикале цело село на свадба.
Ги повикал роднините на вечера.
2. Упати повик, се обрати до некого.
Англиски: call Албански: thërras
Примери:
Ме повикаа по телефон.
Ги повика децата да се приберат дома.
Го повика келнерот да му плати.
3. Упати повик, обраќање, апел.
Англиски: call Албански: thërras
Примери:
Ги повика граѓаните на соработка.
4. Вика малку, кратко време.
Англиски: yell Албански: bërtas
Примери:
Повика малку додека му помина лутината.
5. (се повика) Приведе, посочи нешто или некого (договор, закон, сведок) како потврда, доказ за своите искажувања, ставови.
Англиски: cite Албански: citoj
Изведенки
1. повикува несв.
(се) повикуваат
2. повикување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи