а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поведе

поведат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Земе некого со себе при одење некаде, при патување.
Англиски: take along Албански: marr me vete
Примери:
Ги поведе на село и децата.
2. Почне да води по себе (луѓе, колона, оро).
Англиски: lead Албански: udhëheq
Примери:
Се согласи да ги поведе до најблиската населба.
Таа го поведе орото.
3. Одведе, забере некого присилно.
Англиски: take Албански: kap
Примери:
Полицијата го повела синоќа.
4. Започне некакво дејство, постапка, акција.
Англиски: lead, initiate Албански: shpie
Примери:
Поведе разговор.
Поведе иницијатива.
Поведе судски спор.
Поведе борба.
Поведе постапка.
5. Добие предност во натпревар, почне да води (со постигнат гол, освоен поен).
Англиски: lead Албански: në krye
Употреба: Спорт
6. (се поведе) Постапи по примерот на друг (обично во негативна смисла); падне по туѓо влијание.
Англиски: seduce Албански: josh
Примери:
И тој се повел по умот на другите.
Изведенки
1. поведува несв.
(се) поведуваат
2. поведување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи