а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

побара

побараат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Посака да добие.
Англиски: ask Албански: kërkon
Примери:
Сестрите, што е право, ми даваат сѐ што ќе побарам.
Уште малку и газ ќе побараат.
2. Се потруди да најде.
Англиски: search Албански: kërkon
Примери:
И којзнае по колку пати се будам да си ја побарам ногата.
3. Се обиде да воспостави контакт.
Англиски: contact Албански: kontakt
Примери:
Да не ми се лути нешто, си велам, и се вратив да ги побарам, да се простам.
Зошто не си ме побарал досега?
4. Постави барање.
Англиски: request Албански: kërkesë
Примери:
Некои ќе побараат да застанеме, а мене не ми се седнува.
И после, кога се побаравме, кога се дофативме: чекај, ми ја налегна ногата, велам.
5. Сака да се жени.
Англиски: propose
Примери:
Тато, кога ќе ѝ ја побараме раката на девојка ми?
Изведенки
побарува несв.
побаруваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи