а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

плус

мн. плусови
Вид збор: Именка, машки род
1. Име на знакот за собирање „+“ или на знакот за позитивна величина.
Англиски: plus Албански: plus
Употреба: Математика
Примери:
Пишувам плус.
Плyс и минус даваат минус.
2. При оценување в училиште - малку повеќе од оцената означена со цифра.
Англиски: more Албански: plus
Примери:
Добив три плyс на писмената задача од математика.
3. За означување температура повисока од нула степени.
Англиски: degrees Албански: gradë
Примери:
Денеска е плус осумнаесет.
4. (со прилошка нијанса) дополнително
Англиски: additionally Албански: shtesë
Употреба: Математика
Примери:
Сето тоа плус патот таму и назад.
Изрази
Плус-минус - плус или минус од наведениот износ, приближно, тука некаде.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи