а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

плоден

плодни
Вид збор: Придавка
1. За земја - плодороден.
Англиски: fertile Албански: pjellor
Употреба: Земјоделство
Примери:
плодна земја
плодно поле
2. За година, период - низ кој има богат плод, плодородност.
Англиски: fertile Албански: pjellor
Примери:
плодна година
Плодни дни на жената.
плоден брак
3. Што раѓа многу, што дава потомство.
Англиски: fertile Албански: pjellor
Употреба: Медицина
Примери:
плодна жена
плоден народ
4. Што создава многу во науката или во уметноста.
Англиски: prolific Албански: pjellor
Употреба: Преносно значење
Примери:
плоден писател
плоден композитор
5. Што дава добри резултати.
Англиски: fruitful Албански: i frytshëm
Употреба: Преносно значење
Примери:
плодна дејност
плодна мисла
6. Што се однесува на плод.
Албански: pjellor
Употреба: Ботаника , Ретко
Примери:
плодна обвивка
FlexiMac
 менување на македонски глаголи