а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

плови

пловат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. За пловен објект: лаѓа, брод, подморница - се движи по површината на водата или во неа.
Англиски: sail Албански: lundron
Примери:
Лаѓата пловеше кон Риека.
Коработ пловел на север.
Чунови со платна пловеа по езерцето во паркот.
2. За човек - патува со лаѓа, брод.
Англиски: travel Албански: lundron, udhëton
Примери:
А потоа морепловните пловеле на север.
3. се движи, плива, транспортира
Англиски: sail Албански: lundron
Употреба: Разговорно
Примери:
Плови под туѓо знаме.
4. Се движи по патека низ воздух по небо.
Англиски: float Албански: lundron, fluturon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Плови месечината.
На небо облачиња пловат.
5. За мисла - се пренесува полека како по вода.
Англиски: float Албански: lundron
Употреба: Преносно значење
Примери:
Мислите му пловат далеку во родната земја.
Среќни насмевки пловеа на нивните лица.
Изведенки
пловење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи