а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

плива

пливаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Успее да се движи по површината на водата или во неа.
Англиски: swim Албански: notoj
Примери:
Се учи да плива.
Плива на грб.
Куче (коњ) плива.
2. За предмети - не потонува.
Англиски: float Албански: shket
Примери:
Фрли штиче во вода, ќе плива.
Маслото плива врз вода.
3. Лежи, се наоѓа во нешто течно.
Англиски: swim Албански: notoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Плива во крв.
Месото плива во маст.
4. Обземен е од возвишено, радосно чувство.
Англиски: swell Албански: bymehet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сите пливаа во радост, во блаженство, во раскош, богатство.
5. Без да располага со знаења, одговара заплеткано и набавтана.
Англиски: confuse Албански: ngatërroj
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Пливаше на испитот.
За сето време предавачот пливаше.
6. плови
Англиски: sail Албански: lundroj
Употреба: Дијалектен збор , Народна поезија
Примери:
Гемија плива по море.
Пливавме накај Солун.
Изрази
Тој плива во неговите води - му прави конкуренција.
(разг.) Плива како риба - плива одлично.
Плива во долгови - задолжен до гуша.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи