а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

плеќи

плеќите
Вид збор: Именка, множина
1. Задниот дел од рамената и горниот дел од грбот.
Англиски: back Албански: supe
Употреба: Анатомија , Разговорно
Примери:
И го легна на плеќи.
Му натоварија на плеќи.
Ќе те видам ли на плеќи паднат?
2. поддршка
Англиски: support
Употреба: Преносно значење
Изрази
(посл.) Дури има плеќи, ќе има и самари.
(посл.) Спроти плеќите - и самарот.
(посл.) Слаб ум, јаки плеќи (нозе).
(разг.) Товар ми падна од плеќи.
Ќе ти ги видам плеќите - ќе ти ги видам силата.
Даде плеќи (војската) - даде поддршка.
Му удри нож в плеќи - постапи подмолно со некого.
Има широки плеќи - може многу да издржи.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи