а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

плесне

плесна
Вид збор: Глагол, свршен
1. Удри предизвикувајќи плесок.
Англиски: slap Албански: qëlloj, godas
Примери:
Го плесна силно детето по тилот.
Момчето го плесна соиграчот со топката по глава.
2. Удри раце една со друга.
Англиски: clap Албански: përplasje, duartrokitje
Примери:
Бегот плесна со рацете и сите се растрчаа околу него.
Госпоѓата плесна силно со рацете.
Девојчето им плесна со рачињата на пилињата и тие се разбегаа.
3. Јавно искаже нешто со револт и директно.
Англиски: slap Албански: thot troç
Употреба: Пејоратив , Преносно значење , Разговорно
Примери:
Ѝ плесна на директорката полно работи в лице.
4. (се плесне) Се удри по дел од телото.
Англиски: slap Албански: godas, shkllapit
Примери:
Кога виде што сторил, тој се плесна силно по челото.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи