а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

плати

платат
Вид збор: Глагол, свршен
1. За купено, за извршена работа, за услуга даде пари или др.
Англиски: pay Албански: pagoi
Примери:
Ги плати ли книгите?
Уште не им платил на работниците.
Киријата ја немале платено.
(разг.) Кога ќе се вратам, ќе му платам.
Платил од џеб.
(на келнер) Плати!
2. Со плаќање исполни некаква обврска.
Англиски: pay Албански: pagoi
Примери:
Платиле данок, долг, членарина, глоба, казна.
3. Претрпи казна за некаква постапка, однос и сл.
Англиски: pay Албански: pagoi
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ќе ти плати за сѐ.
Ќе ми платиш!
Господ да ми ти плати!
Ќе плати со глава(та).
4. (само во 3. л.) исплати
Англиски: pay Албански: paguan
Примери:
Киријата ќе го плати кредитот за куќата.
5. (се плати) Намири долгови.
Англиски: pay Албански: pagoi, mbuloi
Примери:
Кога ќе најдеш пари за да се платиш?
На Велигден се платиле.
Изрази
(разг.) Кого фати, тука плати му.
(разг.) Му платил данок (на незнаењето, глупоста).
FlexiMac
 менување на македонски глаголи