а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пласира

пласираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1. Добро распродава стока, продава со рекламирање.
Англиски: sell Албански: placoj, shes
Примери:
Земјоделците ги пласираа своите производи на домашните пазари.
Квалитетниот зеленчук го пласиравме надвор од земјата.
2. Вложува пари, капитал во нешто, инвестира.
Англиски: invest Албански: investon
3. Вложува што и да е (мисла, идеја, теорија и сл.) за да извлече некаква корист.
Англиски: profit Албански: fitim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Авторот ќе пласира податоци за состојбата на исламот кај нас.
Писателот пласира порака.
4. Фрли, фрла шутира топка.
Примери:
Играчот ја пласираше топката на другата половина од теренот.
Фудбалерот ја пласира нафрлената топка во мрежата.
5. (се пласира) се постави, се намести
Англиски: place Албански: placoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој се има добро пласирано во таа средина.
6. (се пласира) Обезбеди, обезбедува место, пласман за понатамошно натпреварување, се квалификува.
Англиски: place
Употреба: Спорт
Примери:
Нашата тенисерка ќе се пласира во понатамошните натпревари.
Македонската ракометна репрезентација се пласираше за светското првенство.
Младите фудбалери се пласираа за финалето на турнирот.
7. (се пласира) Постигне, постигнува определена положба.
Англиски: achieve
Примери:
Тој добро се пласира во новата средина.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи