а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пламне

пламнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почне да гори со пламен.
Англиски: flare-up Албански: ndez, djegë
Примери:
Пламна огинот.
2. За жита, тутун - подгори и свене.
Англиски: dry up Албански: thajë
Употреба: Ботаника
Примери:
Пламнало житово.
3. За очи, поглед - молсне, светне.
Англиски: flare-up Албански: ndriçoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Му пламнаа очите.
Пламнати очи.
4. Вцрви се поради силно чувство: лутина, јад, гнев.
Англиски: flush Албански: skuqet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој пламна во лицето.
Тој одеднаш ќе пламне.
5. За силни чувства, бунт, борба, болест - избувне со голема сила.
Англиски: flare-up Албански: turrem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Копачијата и Дебарца пламнаа.
Борбите пламнаа со нова сила.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи