а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пладнува

пладнуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. За добиток - лежи, не се движи, одмора на пладне.
Албански: mërzej, pushoj
Примери:
Овците пладнуваат под сенките на буковата корија.
Горештината фати, однеси ги овците да пладнуваат.
2. За човек - одмора на пладне, починува.
Англиски: rest Албански: pushoj
Примери:
Уморните жетвари пладнуваа.
И седнало детето под една сенка да пладнува.
3. денгуби
Англиски: waste time Албански: humb kohën, bredh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Пладнува наместо да се фати за работа.
Уште ли ќе пладнуваш, фати работа!
Изрази
(посл.) Којшто лете пладнува, зиме гладува.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи