а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пијавица

мн. пијавици
Вид збор: Именка, женски род
1. Водна или сувоземна глиста со цицалки на обата краја што живее како паразит, припиена на телото на животните и се храни со крв.
Латински: Hirudo medicinalis Англиски: leech Албански: ushujzë
Употреба: Зоологија
Примери:
Му клавале пијавици.
(разг.) Се запил како некоја пијавица.
(нар. поез.) Веѓи има морски пијавици.
2. Човек од кого не можеме со лесно да се откачиме.
Англиски: leech Албански: shushunjë, ushujzë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Што пијавица е тој!
3. жесток експлоататор
Англиски: exploiter Албански: shfrytëzues
Употреба: Преносно значење
Примери:
Крвта ни ја испија тие пијавици.
4. Помала железна прачка со две куки на краиштата - за зацврстување греди, камени плочи на мостови и сл.
Англиски: iron rod Албански: shufër hekuri
Употреба: Архитектура и градба
FlexiMac
 менување на македонски глаголи