а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пишува

пишуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Одбележува на хартија или друг материјал знаци - букви, цифри, ноти и сл.
Англиски: write Албански: shkruaj
Примери:
Ученичињата ги пишуваат првите букви.
Пишува со молив, со мастило.
Се учи да чита и да пишува.
Пишува нечитливо.
2. Погоден е за одбележување букви и сл.
Англиски: write Албански: shkruaj
Примери:
Перцето не ти пишува, смени го.
3. Писмено излага мисли, ставови и сл.
Англиски: write Албански: shkruaj
Примери:
Пишуваме претставка, извештај, реферат, молба.
Зборува турски, ама не пишува.
4. Се обрнува кон некого писмено; праќа писмо.
Англиски: write Албански: shkruaj
Примери:
Што ти пишува син ти?
Пишувал (писма) многу ретко.
Си пишуваат често.
5. Се искажува во периодичниот печат; соработува во весник, списание.
Англиски: write Албански: shkruaj
Примери:
Пишува во весник.
Пишувал некогаш во тоа списание.
6. Создава творба - литературна, научна, публицистичка, музичка.
Англиски: write Албански: shkruaj
Примери:
Пишува раскази, драми, романи, стихови, поеми.
Пишува за Илинденското востание.
Пишува опера.
За што пишува авторот во тоа дело?
Има писатели што пишуваат ретко.
7. За весник, списание - донесува, јавува, соопштува.
Англиски: inform Албански: informoj
Примери:
Весниците пишуваат за вчерашните настани.
„Нова Македонија“ пишува за последната премиера.
8. црта, шари
Англиски: paint Албански: vizaton
Употреба: Архаизам
Примери:
Пишувал икони.
(разг.) Веѓи му пишува.
9. (се пишува) пасивно
Англиски: write Албански: shkruhet
Примери:
Во кои случаи се пишува голема буква според нашиот правопис?
(разг.) Лошо (слабо) ти се пишува.
10. (се пишува) се пише
Англиски: register Албански: shkruhet
Примери:
Се пишуваме ли, другари, доброволци?
11. (ми се пишува) Да се има желба за пишување
Англиски: write Албански: shkruan
Употреба: Безлично
Примери:
Ми се пишува на таа тема.
Денеска не ми се пишува.
Не ми се пишува тој реферат.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи