а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пише

пишат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Напише текст.
Англиски: write Албански: shkruaj
Примери:
Ќе му пишеш едно писмо да си дојде.
Тој чини пиша, после избриши.
Пишете ми.
2. Запише, писмено забележи.
Англиски: write down Албански: shënoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Ќе дојде попот во селото и ќе му го пише името на детето.
Го пишале и него.
(разг.) Пиши го на мразот.
Пиши го кога ќе го видиш.
(посл.) Пиши, попе, една куќа улави луѓе.
Пишан си.
Му било пишано.
3. Внесе во список, регистрира.
Англиски: register Албански: regjistroj
Употреба: Разговорно
Примери:
Доведи го детето за да го пишеме во тефтерот.
(разг.) Му го пишале (за) грев.
Господ грев ќе ти пише.
4. Одреди (по писмен пат).
Англиски: determine Албански: përcaktoj
Примери:
Му пишале тежок данок.
5. завешта, остави
Англиски: inherit Албански: trashëgoj
Употреба: Правда
Примери:
Куќата тебе ли ти ја пишал, а?
6. Стави оценка, впише.
Англиски: grade Албански: klasifikoj
Употреба: Образование
Примери:
Не заслужил ни тројка да му пише.
7. (несв.) пишува
Англиски: write Албански: shkruaj
Употреба: Дијалектен збор , Народна поезија
Примери:
На стол седеа, книга пишеа.
8. шара, везе
Англиски: decorate Албански: dekoroj
Примери:
Сум ја пишало (ѝ пишало) девет месеци, / сум ја везало девет години.
9. (се пиша) Се вклучи во некаков список, се зачлени во некоја група.
Англиски: enlist Албански: rekrutoj
Примери:
Се пиша ли и ти?
FlexiMac
 менување на македонски глаголи