а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пипа

пипаат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Фаќа, пофаќа со раце, со прсти гиба.
Англиски: finger Албански: prek
Примери:
Не пипај го овошјето.
2. мери, опита, испитува, тестира
Англиски: check Албански: kontrolloj
Употреба: Разговорно
Примери:
Лекарот му го пипа пулсот.
(разг.) Му го пипаше пулсот.
3. Допира со рака за да распознае; бара со раце за да најде нешто.
Англиски: touch Албански: prek
Примери:
Слепецот пипаше по ѕидот.
Пипа по темница.
4. (само непреод.) испитува
Англиски: test Албански: hetoj
Примери:
Сега само пипа овде-онде, а после ќе почне со работа.
5. (разг.) краде, пофаќа
Англиски: sneak Албански: vjedh
Употреба: Разговорно
Примери:
Му пипа раката.
6. (се пипа) Се пофаќа со раце.
Англиски: touch Албански: prek
Примери:
Се пипа по телото.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи