а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пиле

мн. пилиња
Вид збор: Именка, среден род
1. Од кокошка малото.
Англиски: chick Турски: piliç Албански: zogth
Употреба: Зоологија
Примери:
Квачката со пилињата.
(разг.) Се заплеткал како пиле во колчишта.
2. злато, срце
Англиски: honey Албански: zogzë, shpirt
Употреба: Преносно значење , Хипокористика
Примери:
Ај, пиле, донеси вода.
пиле мое
3. (мн. обично пилци) сироти деца
Англиски: children Албански: femijë bonjak
Употреба: Преносно значење
Примери:
(прен.) Што ќе правам јас, кутрата, со моиве пилци?
4. (мн. обично пилци) мали птици
Албански: zogëza
Употреба: Зоологија
Примери:
Некакви пилци летале многу високо.
Шумско (горско) пиле.
До што било пиле во шyмата - излегло.
Господово пиле.
Седело без пилци.
5. пиле
Англиски: chicken Албански: zogth
Употреба: Гастрономија
Примери:
Имавме пиле за ручек.
6. Украсен предмет од метал во облик на пиле.
Албански: zogëz metali
Употреба: Дијалектен збор
Изрази
(разг.) Има од пиле млеко - има сѐ што постои.
(разг.) И од пиле млеко ќе најде - сешто ќе најде, многу е снаодлив.
(посл.) Кај се родило пилето, таму си го прави седелцето.
Не дава пиле да прелета - не пушта никого да помине, обезбедува, заштитува некого или нешто на највисоко ниво.
(посл.) Рано пиле рано пее.
Пилци мy виле над лавата!
Само пиле на гранче - слободен е.
Нема живо пиле - пусто е.
Веќе и пилците знаат - нема ништо ново и непознато.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи