а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пече

пеков
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Приготвува храна со суво греење на оган, на жар, во фурна.
Англиски: bake Албански: piqem
Употреба: Гастрономија
Примери:
пече леб, пече месо
2. Со оган го прави годен за употреба.
Англиски: burn Албански: djeg
Примери:
пече ќерамиди, пече тули, пече вар
3. пржи, вари
Англиски: roast Албански: pjek
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
пече ракија, пече наут
4. За печка - при загревање може да зготви храна.
Англиски: bake Албански: piqem
Употреба: Гастрономија
Примери:
Шпоретот ни се погоди: убаво пече.
5. За сонце - пали, жеже, грее.
Англиски: burn Албански: djeg
Примери:
Сонцето силно пече.
6. За пиперка; рана - лути.
Англиски: burn Албански: djeg
Примери:
Раната ме пече.
Пиперката ме пече во устава.
7. Грижа на совеста.
Англиски: burn Албански: djeg
Употреба: Преносно значење
Примери:
Совеста ме пече.
8. боли
Англиски: hurt Албански: dhimbje
Употреба: Безлично
Примери:
Ме пече во грлово.
Ме пече во душава.
9. учи, изучува
Англиски: learn Албански: mëson
Употреба: Разговорно
Примери:
Три години го пече чевларскиот занает.
10. (се пече) Се топли, се загрева
Англиски: warm Албански: nxehtë
Примери:
Зимно време дедо си го печеше грбот.
Си ги печеше нозете (е на сонце).
11. (се пече) Се приготвува за храна.
Англиски: cook Албански: gatuaj
Употреба: Гастрономија
Примери:
Се вареа манџи, се печеа јагниња.
12. (се пече) се сoнча
Англиски: sunbathe Албански: rrëzit në diell
Употреба: Иронично
Примери:
Цело лето се печат на сонце.
(разг. ирон.) На едно сонце се печеме.
13. (се пече) се грее
Англиски: warm up Албански: nxehet
Примери:
Мачката се качила на катот да се пече.
Изрази
(разг.) Вари го, печи го - тој си е.
Како на ражен да го печат.
(посл.) Не за кого е печено, ами за кого е речено.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи