а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

печали

печалат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. (непреод. и преод.) Заработува со труд.
Англиски: earn Албански: fitoj
Примери:
Одел на туѓина, работел, печалел.
За вас, деца, сум печалел.
Мравката и пчелата не учат како се печали.
Печали време.
2. добива, ќари
Англиски: profit Албански: fitoj
Примери:
Кој губи, а кој печали?
3. (се печали) се труди, се обидува
Англиски: try Албански: tentoj, provoj
Примери:
Секој ќе се печали да добие.
Изрази
(посл.) Мачници печалеле, немачници јале.
(разг.) Не печалиш пари!
(разг.) Печали убава пара - добро заработува.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи