а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

петел

мн. петли
Вид збор: Именка, машки род
1. Мажјак од кокошка.
Англиски: cock Албански: gjel, këndes
Употреба: Зоологија
Примери:
Петелот пее (кукурига).
Петел на буниште.
Скопен петел.
2. (мн. петли) Пеење на петлите доцна ноќе или рано наутро како знак за определено време од ноќта.
Англиски: time Албански: këndim i gjelave
Примери:
Први, втори, трети петли.
Станале во првите петла.
(разг.) Легнува со кокошките, ама станува со петлите.
3. Во шала за маж.
Англиски: male Албански: gjel, mashkull
Употреба: Иронично , Разговорно
Примери:
(разг.) Стар петел.
4. калауз
Англиски: picklock Албански: çelës, kallauz
Изрази
(разг.) Нему и петлите јајца му носат - што ќе фати, успева.
Крај (кај) што петли не пеат - во пустелија.
(Не) му пее петелот - (не) го бива.
(посл.) Петел пее, а не кокошка.
(посл.) Два петла на едно буниште не пеат.
(посл.) Секој петел на своето буниште си пее.
(разг.) (Вреден) маж како петелот наш.
(разг.) Кога ќе ги стрижеме петлите - никогаш нема да биде.
Петел ти пеал на глава!
FlexiMac
 менување на македонски глаголи