а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пес

мн. пци
Вид збор: Именка, машки род
1. Едно од најстарите домашни животна.
Латински: Canis familiaris Англиски: dog Албански: qen
Употреба: Зоологија
Примери:
Песот лае непрекинато.
Глутница пци.
Виење на пес.
Овчарски пес.
Верен пес
2. Проклет човек.
Англиски: bloodhound Албански: qen, njeri i lig
Употреба: Пејоратив , Преносно значење
Примери:
Ќе има ли куртул од тој пес.
Се намножиле, пците!
Песу еден!
Изрази
Тоа ни пците не го јадат - лошо јадење.
Кога беше волкот пес (посл.)
Пес да врзеш, не седи - лоши услови.
Поминал како пците на Василица.
Гладен како пес - ептен изгладнет.
Верен како пес - многу верен.
Пците по сокаците поарно живеат - лоши услови за живеење.
Уморен како пес - сосема уморен.
И го убил (отепал) како пес - без жал.
Пес од касапница мачно се одделува (посл.)
Пци те јале! (клетва)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи