а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

песна

мн. песни
Вид збор: Именка, женски род
1. Творба за пеење.
Англиски: song Албански: këngë
Употреба: Музика и танц
Примери:
народна песна
Викни една песна.
хорска песна
јуначка песна
жетварски песни
шеговити песни
црковни песни
Стара песна на војната.
Му извадиле песна.
2. Таква творба во моментот на исполнувањето; самата мелодија.
Англиски: melody Албански: melodi
Употреба: Музика и танц
Примери:
Се слуша песна.
далечна песна
Роден за песна.
3. Глас на некои појни птици.
Англиски: bird song Албански: zëri zogjëve
Употреба: Зоологија
Примери:
славева песна
4. Помала стихотворба, со лирски карактер.
Англиски: lyric Албански: lirikë
Употреба: Литература
Примери:
песните на Рацина
збирка песни
5. Дел од епос; составен дел од некои народни епоси.
Англиски: epic Албански: epikë
Употреба: Литература
Примери:
Првата песна на „Илијада“.
Песната за Роланд.
Изрази
(посл.) Песната (и приказната) стопан (сајбија) нема.
Сè таа (сè една и иста) песна ја пее, старата песна ја пее - зборува, прави, работи сѐ едно исто.
(разг.) Лебедова песна (на некого) - последна или претсмртна творба, последна пројава на својот талент.
Си ја испеа песната - заврши неговата кариера, неговиот живот.
(разг.) Песна над песните - за литературно дело со големо значење.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи