а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

перспектива

мн. перспективи
Вид збор: Именка, женски род
1. Сликарско прикажување на предметите на површина на начин да изгледаат како во стварноста.
Англиски: perspective Албански: perspektivë
Употреба: Ликовна уметност
2. Дел од нацртната геометрија којшто ги проучува правилата за прикажување на телата со помошта на нивното централно проицирање на површина.
Англиски: perspective Албански: perspektivë
Употреба: Математика
3. Поглед во далечина, на далечни предмети.
Англиски: perspective view Албански: shikim në largësi
4. Изгледи за иднина, надежи, можности за постигање некоја цел.
Англиски: prospective Албански: perspektivë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Перспективи за понатамошен развој.
(разг.) Во перспектива - во иднина.
Изрази
Птичја перспектива - од висина на летот на птиците, од високо, одозгора.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи