а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

перо

мн. пера
Вид збор: Именка, среден род
1. (зб. мн. перје, перја) кај птици
Англиски: feather Албански: pendë, pupël
Примери:
пауново перо, лебедово перо
шарени перје
Менување (менење) на перјето, на перјата.
(разг.) Лесен како перо.
2. (мн. пера) Метално - за пишување.
Англиски: nib Албански: penë, stilolaps
Примери:
челично перо, златно перо
(истор.) Гускино перо.
3. (мн. пера) Перодршката со перцето заедно.
Англиски: pen Албански: penë, stilolaps
Примери:
Кај е перото?
(разг.) Со еден потег на перото.
4. (само едн.) Во изрази - симбол на пишување, на труд на писател.
Англиски: pen Албански: penë, shkrim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Има лесно перо.
Излезе од под неговото перо.
Ова е од перото на Достоевски.
Каков е на перо? Силен (јак) е на перо.
Живее од перото.
Човек на перото.
5. (мн. пера) автор, писател
Англиски: author Албански: autor
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сатирично перо.
Продадено перо.
6. (мн. пера и перје, перја) Зелен лист на праз, лук, кромид, цвекло.
Албански: fletë
Употреба: Ботаника
Примери:
Пера на лук.
(нар. поез.) Ми се затскри дедо зад свеклови перја.
7. (мн. пера и перје, перја) Кај рибите - перка.
Англиски: fin Албански: luspë
Употреба: Зоологија
Изрази
(книж.) Се кити со туѓи перја.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи