а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

перка

мн. перки
Вид збор: Именка, женски род
1. Перја, органи за пливање кај рибите и други водни животни.
Англиски: fin Албански: fletë peshku
Употреба: Зоологија
Примери:
Резноперките или ракоперките сочинуваат класа на риби со месести перки.
слатководна риба со црвени перки
рибина перка
2. Лопатка на тркалото на воденицата.
Англиски: paddle Албански: pallë
Употреба: Технологија
3. Лист од пченка.
Албански: fletë misri
Употреба: Ботаника
4. пропелер, елиса
Англиски: propeller Албански: propeler, helikë
Употреба: Ретко , Технологија
5. (на тркало) перки
Англиски: paddle-board Албански: pendë
Употреба: Технологија
6. (обично во мн.) Долги и гумени или пластични обувки со трапезоидна форма што се користат за побрзо движење, пливање во вода.
Англиски: flipper
Употреба: Спорт
FlexiMac
 менување на македонски глаголи