а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пере

перат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Со вода и сапун (или друго средство) отстранува нечистотии од текстилни производи (облека, постелнина).
Англиски: wash Албански: laj
Примери:
Перачката ги переше кошулите.
Жените переа на река.
2. (преод.) Врши таква услуга за некого.
Англиски: wash Албански: laj
Примери:
Него уште мајка му го пере.
Тебе кој те пере?
3. (само 3. л. едн.) спаструва, чисти
Англиски: wash Албански: lan
Употреба: Разговорно
Примери:
Него ништо не го пере.
Мене само Вардар ме пере.
Само работа го пере.
Не го пере ни Вардар ни Брегалница.
Тебе те пере да си дојдеш дома.
Дождот го пере.
4. (се пере) Со вода и сапун (или друго средство) лично отстранува нечистотии од облека, постелнина и др.
Англиски: wash Албански: laj
Примери:
Сам се пере.
5. тепа
Англиски: beat Албански: rrah
Употреба: Дијалектен збор
Изрази
Пере пари - краде.
Пере мозок (некому) - Манипулира, лаже (некого).
FlexiMac
 менување на македонски глаголи