а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пепел

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
1. Остаток од согорувањето.
Англиски: ash Албански: hi
Примери:
Пепел од цигара.
2. прашина
Англиски: dust Албански: hi, pluhur
Употреба: Разговорно
Примери:
Насекаде пепел по улиците.
радиоактивен пепел
Изрази
(разг.) Тури му пепел (на нешто) - заборави, тоа е завршена работа.
Му ја изгребал дури и пепелта од огништето - (за човек) го уништи.
Го сторил (направил) прав и пепел - (за човек) го уништи.
(книж.) Си ја потура (посипува) главата со пепел.
Му фрли пепел в(о) очи(те) - го замајува.
Ни пепел нема да си тури во очите - многу е сиромашен.
Изведенки
пепел ж.
пепелта
Пример: жарта и пепелта
FlexiMac
 менување на македонски глаголи