а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пелин

(едн.) пелинот
Вид збор: Именка, машки род
1. Ароматично растение со лековити својства и горчлив вкус.
Латински: Artemisia absinthium Англиски: wormwood Турски: pelin Албански: pelin
Употреба: Ботаника
Примери:
(нар. поез.) Во ливада ковил до колена, пелин до рамена.
(разг.) Горчи како пелин.
(ирон.) Благ како - пелин!
2. отров
Англиски: poison Албански: helm
Употреба: Преносно значење
Примери:
Пелин ми е во душава.
Аманте, браќа, само крајот да ми го најдете, да пелин ако сакате дајте ми.
Изрази
(посл.) Синот е пелин, зетот е мед.
(разг.) Отров и пелин да му се стори!
FlexiMac
 менување на македонски глаголи