а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пее

пеат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. За човек - со глас изведува мелодични тонови, умее да изведува такви тонови; професионално се занимава со пеење; исполнува оперска партија.
Англиски: sing Албански: këndoj
Употреба: Музика и танц
Примери:
Врвеа војници и пееја.
Ја пееше познатата песна.
Баба ми убаво пееше.
Пее в опера.
Која партија ја пееше во „Трубадур?“
2. Полн е со радост, трепет, воодушевување.
Англиски: vibrate Албански: këndon, gëzohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Си пееше во него.
3. За природни појави - издава еднолични гласови, шумови.
Англиски: sound Албански: këndoj
Употреба: Книжевен збор , Преносно значење
Примери:
Поточето си ја пее својата песничка.
Планинските води скокаат палаво и ја пеат пролетната песна.
Бури пеат и како оган палат.
Ветрец тивка песна пее.
4. За птици и некои инсекти.
Англиски: sing Албански: këndon
Примери:
Славеј пее.
Секое утро му пеело едно петле.
Петлите пеат во првите мугри.
Славеј пее во гората.
Пее жужалец во ноќта.
5. Создава песни.
Англиски: sing of Албански: këndoj, kompozoj
Примери:
Тој пее за слободата на својот народ.
Татковино, за тебе пеам.
6. Во црква држи литургија.
Албански: këndoj, mbaj liturgji
Употреба: Црковен термин
Примери:
На Велигден и владиката пееше во нашата црква.
7. Дава помен на умрениот.
Албански: këndim memorial
Употреба: Црковен термин
Примери:
Да одиме на гробот од мајка ти, да ѝ пееме девет години.
8. чита
Англиски: read Албански: këndoj, lexoj
Употреба: Архаизам
Примери:
Го пеел весникот.
(нар. поез.) Кога пеал Марко бела книга.
9. пишува
Англиски: write Албански: shkruaj
Употреба: Архаизам
Примери:
Така пее книгата.
(нар. поез.) Прстенот му пее: Левент Ѓорѓија.
10. (се пее) Се пее песна.
Англиски: sing Албански: këndohet
Употреба: Музика и танц
Примери:
Се пее јуначка песна.
Може да се пее и црковна песна.
11. (ми, му, ни, им... се пее) Има желба за пеење.
Англиски: sing Албански: këndohet
Примери:
Ми се пее.
Изрази
Кој пее, зло не мисли.
(посл.) Рано пиле, рано пее - кој рано рани, две среќи граби.
Ако ти пее петлето - ако имаш талент.
Ако ти пее петлето - ако вујко ти е владика.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи