а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

па

Вид збор: Сврзник
1. За сврзување на дејства што следуваат едноподруго или на еднакви делови во реченицата.
Примери:
Тогаш влезе во одделението, го отвори дневникот, па фати да прозива.
Прво ќе влезе тој, па ти.
2. За потсилување на исказот со повеќе сврзници.
Примери:
Ќе дојдам, па ако сака и нека врне.
Сите беа дојдени, па и тој.
Па сепак мислам дека не си прав.
Малку требаше па да положи.
Рече, па дури и напиша дека не е виновен.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи