а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пајажина

мн. пајажини
Вид збор: Именка, женски род
1. Тенки нишки од леплива материја што ја лажи пајакот, мрежата од пајакот, пајакова мрежа.
Англиски: cobweb
Употреба: Зоологија
Примери:
Невидлива пајажина.
Нашите ѕидови се полни со пајажини.
Низ свеќникот се спуштила долга пајажина.
2. Тоа што држи некого во зависност, што има контрола над некого.
Англиски: cobweb
Употреба: Преносно значење
Примери:
Густа пајажина го заплеткуваше, некакви злобни шепотења го следеа насекаде.
Полека се раскинуваше пајажината на очајот и неодредениот страв од иднината.
Изведенки
пајажинка ж.
мн. пајажинки
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи