а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

патува

патуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Пеш или со превозно средство.
Англиски: travel Албански: udhëtoj
Примери:
Патува со воз, со автомобил.
Си патувале со гемијата ден-два.
Одејќи по патот, еве ти некој стар кај си патувал.
Патува за Загреб.
2. За превозно средство - се движи.
Англиски: move Албански: lëvizë
Примери:
Бродот патува накај Австралија.
3. умира
Англиски: die Албански: vdes, ec
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ќе патува веќе накај другиот свет.
4. (разг) Пат патува.
Англиски: travel Албански: udhëtoj, rrugëtoj
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Има долг пат да патува.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи