а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

патрон

мн. патрони
Вид збор: Именка, машки род
1. Во античкиот Рим - патрициј којшто е покровител на малоимотни или неполноправни граѓани.
Англиски: patron Албански: patric, mecenat
Употреба: Историја
2. Покровител, заштитник, бранител.
Англиски: patron Албански: patron, kujdestar, mbrojtës
Употреба: Преносно значење
3. Лице чие име го носи некое претпријатие, училиште и др.
Англиски: patron Албански: patronat
Примери:
Крсте Мисирков е патрон на Институтот за македонски јазик.
4. Капислата, барутот и куршумот - сѐ заедно.
Англиски: cartridge Албански: kapsoll, patron
Примери:
Сандаци патрони.
5. Цилиндричен дел од некои направи, алатки, машини.
Англиски: cartridge
Примери:
патрони за пенкало
патрон за електричен осигурувач
6. Светител кој се слави и се чествува како заштитник на храм, лице, семејство, дом, населено место.
Англиски: patron
Употреба: Црковен термин
Примери:
Црковен патрон е Свети Димитрија.
Свети Никола е патрон на морепловците.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи