а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

патент

мн. патенти
Вид збор: Именка, машки род
1. Документ за правото врз пронајдокот.
Англиски: patent Албански: patent
Употреба: Економија
Примери:
Управа за патенти.
2. резервација, заштита
Англиски: copyright Албански: patent, mbrojtje
Употреба: Економија , Преносно значење
Примери:
Да не имаш патент на местото?!
3. Направа за закопчување од две текстилни ленти со метални или пластични запци, што меѓусебно се спојуваат.
Англиски: zipper
Примери:
Кус патент за панталони.
Го повлече патентот и ја затвори торбата.
4. Направа за закопчување во форма на метално копче од два дела што влегуваат еден во друг со притискање.
Употреба: Разговорно
Примери:
Го притисна патентот и металната кутија се затвори.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи