а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пари

парите
Вид збор: Именка, множина
1. Платежни средства од метал или од хартија.
Англиски: money Турски: para Албански: para, të holla
Употреба: Економија , Разговорно
Примери:
Книжни пари, ковани пари, готови пари, ситни (дробни) пари.
Го купил за готови пари.
При пари е.
Не е при пари.
За евтини пари го купил.
2. вредност
Англиски: value Албански: vlerë
Употреба: Економија , Преносно значење
Примери:
Колку пари чини?
Има едно дете - со пари не се купува.
3. Капитал, имот, финансиски средства.
Англиски: capital Албански: kapital, pronë, mjete financiare
Употреба: Економија
Примери:
Собрал големи пари.
Изрази
(посл.) Умот е пари.
(посл.) Времето е пари.
(посл.) Бели пари за црни дни.
(посл.) Каде се парите таму се харемите.
Си игра со пари - многу е богат.
Со пари не се купува - непроценливо.
(разг.) Убави пари направи - направи добра заработка.
Не знае колку пари има в џеб - многу е богат.
Знам колку пари чини - добро го познавам.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи