а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пансион

мн. пансиони
Вид збор: Именка, машки род
1. Дом, воспитна установа во кој живеат и се хранат ученици, студенти, гости под постојан надзор на воспитувачи или лица што пружаат нега.
Англиски: boarding-house Француски: pension Албански: pansion
Употреба: Образование
Примери:
Се отвори пансион за децата од оддалечените места.
2. Куќа, објект што нуди полна услуга (сместување и храна).
Англиски: boarding-house Француски: pension Албански: pansion
Употреба: Туризам
Примери:
Таа е кај нив на пансион.
Вдовицата отвори пансион за старци.
3. Стан и храна, цена за стан и храна.
Англиски: board Француски: pension Албански: pansion
Употреба: Туризам
Примери:
(разг.) Цел (полн) пансион.
бесплатен пансион
Изрази
Полн пансион - сместување во угостителски објект со три оброци.
Изведенки
пансионски прид.
пансионскиот
Пример: пансионско летување
FlexiMac
 менување на македонски глаголи