а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

памук

(едн.) памукот
Вид збор: Именка, машки род
1. Индустриска култура чиј плод се користи за изработка на текстилно влакно.
Латински: Gossypium herbaceum Англиски: cotton Турски: pamuk Албански: pambuk
Употреба: Ботаника
Примери:
Некогаш полињата се белееја од цветот на памукот.
2. Влакна од памуков плод.
Англиски: cotton Турски: pamuk Албански: pambuk
Примери:
чешлан памук
египетски памук
3. вата
Англиски: cotton Турски: pamuk Албански: pambuk
Употреба: Медицина
Примери:
Стави памук во ушите, ако не сакаш да слушаш!
4. Текстилна ткаенина од памук.
Англиски: cotton Турски: pamuk Албански: pëlhurë pambuku
Примери:
Кошулата е од чист памук.
Блузава од памук ли е или од волна?
Изрази
Со памук му ја вади душата - незабележливо, со прикриена љубезност малтретира некого.
(разг.) Како памук да има во ушите - не слуша.
Изведенки
1. памукче ср.
мн. памукчиња
дем. од вата
Пример: Натопи памукче со алкохол.
2. памуче ср.
мн. памучиња
дем. (памукче)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи