а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

о

Вид збор: Извик
1. За изразување на чудење, изненадување, силни чувства на радост, болка, тага, силна желба итн.
Примери:
О, колку е убаво овде!
О, ти си толку добра!
О, колку е жално тоа!
2. За изразување на негодување, ужас и сл.
Примери:
О, пак дојде ти!
О, страшно!
3. При искажување заповед, молба, клетва.
Примери:
О, ве молам, немојте да си одите!
О, бог да те убие!
4. При обраќање кон друго лице.
Примери:
О, сине мој!
О, мајко моја!
О, душо моја!
5. За повикување едно или повеќе лица.
Примери:
О, Марко!
О, луѓе!
FlexiMac
 менување на македонски глаголи