а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

оцрта

оцртаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Наслика, нацрта, опише, претстави нешто во главни црти, покаже контури.
Англиски: draw Албански: vizatoj, përshkruaj
Примери:
Содржината на неговите книги се движи пак во оние рамки што ги оцртавме.
Накратко ќе го оцртаме ликот на Пулевски.
Во романот тој е оцртан како перфиден заводник.
2. (се оцрта) Се покаже во своите контури.
Англиски: draw Албански: përshkruaj
Примери:
На месечевата светлина се оцртаа силуети на луѓе.
Околу главата му се оцрта ореол.
Изведенки
1. оцртува несв.
(се) оцртуваат
2. оцртување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи