а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

оцени

оценат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Определи вредност, цена на нешто.
Англиски: assess Албански: vlerësoj
Примери:
Тој бара посебна комисија да ги оцени неговите производи.
2. Прецени, даде преценка за размерот, количината на нешто.
Англиски: estimate Албански: vlerësoj
Примери:
Оцени дека не може да се заврши работата за два дена.
3. Даде миcлење, суд за вредноста или за значењето на нешто.
Англиски: judge Албански: gjykoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Критиката ги оцени неговите песни како добри.
4. Даде белешка за знаењето, за успехот на некого (ученик, студент, натпреварувач).
Англиски: grade Албански: dha shënim
Употреба: Образование
Примери:
Сите ученици не се уште оценети.
Изведенки
1. оценува несв.
оценуваат
2. оценување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи