а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

оцена

мн. оцени
Вид збор: Именка, женски род
1. Определување вредност, цена на нешто.
Англиски: evaluation Албански: vlerësim
Примери:
Денеска се изврши оцената на покуќнината.
2. Преценка за размерот, количината на нешто.
Англиски: estimate Албански: vlerësim
Примери:
Според мојата оцена, патот не е подолг од дваесет километри.
3. Мислење, став, суд за вредноста на некого или нешто.
Англиски: opinion Албански: vlerësim, opinion
Употреба: Преносно значење
Примери:
Критиката нема дадено јасна оцена за неговите дела.
4. оценка
Англиски: grade Албански: notë
Употреба: Образование
FlexiMac
 менување на македонски глаголи