а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

оттурне

оттурнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Со притисок, со туркање, направи нешто да се помести, да се оддалечи, да се одбие.
Англиски: push Албански: shtyj, largoj
Примери:
Го оттурна чамецот.
Тој ја оттурна чашата.
2. оддалечи, отстрани, потисне
Англиски: push Албански: largoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој настан ги оттурнал на втор план сите други проблеми.
3. (се оттурне) се откорне, се оддели, се истргне
Англиски: push Албански: shkëputet
Примери:
Се оттурна една карпа од ридот.
4. (се оттурне) Со притисок, со одбивање од нешто се помести или се оддалечи.
Англиски: push Албански: largohet
Примери:
Лаѓата се оттурна од брегот.
Изведенки
1. оттурнува несв.
(се) оттурнуваат
2. оттурнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи