а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

отстапи

отстапат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Се тргне од местото, се повлече назад.
Англиски: step back Албански: largoj, prapoj
Примери:
Сите отстапија за да помине владиката.
Тој отстапи еден чекор назад.
2. За војска - се повлече.
Англиски: retreat Албански: tërheq
Примери:
Воената единица отстапи на најблискиот рид.
3. Попушти (во став, миcлење, убедување, во спор).
Англиски: concede Албански: tërheq
Примери:
Отстапи од своите поранешни ставови.
Во спорот ние не отстапивме по никоја цена.
4. Напушти, престане да се придржува кон нешто (закон, норма, обичај, програма).
Англиски: deviate Албански: devijoj, shmangë
Примери:
Отстапи од законот.
Отстапи од верата.
5. Намали, попушти во цената.
Англиски: decrease Албански: ulë, zvogloj, lëshoj
Употреба: Економија
Примери:
Отстапи ни малку од цената, па ќе ти ја купиме куќата.
Не отстапувам ни денар за нивата.
6. Се откаже од нешто во полза на друг.
Англиски: let Албански:
Примери:
Домаќинот му го отстапи својот кревет на гостинот.
Отстапи место.
Отстапи ред.
Изведенки
отстапува несв.
отстапуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи