а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

отплетка

отпеткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 19752
1. Размрси нешто што е заплеткано.
Англиски: disentangle
Примери:
Едвај ги отплетка замрсените конци.
Баба ми ја отплеткуваше преѓата цело попладне.
2. Расчисти, уреди, доведе во ред.
Англиски: disentangle
Употреба: Преносно значење
Примери:
Едвај ги отплеткавме работите околу наследството.
3. (се отплетка) Сам размрси, се ослободи од нешто што е околу него.
Англиски: disentangle
Примери:
Детето се отплетка од јажињата што беа околу него.
Затвореникот брзо се отплетка од синџирите.
Изведенки
1. отплеткува несв.
(се) отплеткуваат
2. отплеткување ср.
глаг. им.