а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

отплете

отплетат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Расплете нешто што е сплетено.
Албански: çthur
Примери:
Ги отплете плетенките.
Ја отплете косата и влезе во езерото.
2. Распара, отпара нешто што е сплетено со игли, на машина и сл.
Албански: çthur
Примери:
Го отплете стариот џемпер и повторно го сплете.
3. (се отплете) Се расплете, се распара.
Албански: çthuret
Примери:
Ми испаднаа иглите и се отплете цел ред.
Изведенки
1. отплетува несв.
(се) отплетуваат
2. отплетување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи