а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

откопа

откопаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Со копање извади нешто што е закопано.
Англиски: dig out Албански: gërmoj, gropoj
Примери:
Стариот го откопа грнето со пари.
Кучето ја откопа коската.
2. Раскопа, одгрне, отвори некаков затрупан, покриен простор.
Англиски: dig out Албански: gërmoj, gropoj
Примери:
Археолозите ги откопаа темелите и долните делови од објектот.
Градежното претпријатие со булдожер го откопа влезот на окното.
3. Пронајде нешто скриено.
Англиски: discover Албански: gërmoj, nxjerr
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од каде ги откопа тие податоци?
Изведенки
1. откопува несв.
откопуваат
2. откопување ср.
мн. откопувања
глаг. им.
Пример: Откопувањата на археолошките остатоци ќе продолжат.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи