а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

откине

откинат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Одвои дел од целина.
Англиски: tear Албански: shkëpus
Примери:
Домаќинката откина парче од тестото и го расука.
Кучето му откина парче од панталоните на крадецот.
2. спаси, ослободи
Англиски: free Албански: shkëpus, liroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Стариот го откина момчето од рацете на терористите.
Ти ме откина од сигурна смрт.
3. Со тешкотија изговори, изусти или испушти извик, лелек.
Англиски: drop Албански: them, lëshoj zë
Примери:
Одвај откина еден збор од устата.
4. (се откине) се спаcи, се ослободи
Англиски: save Албански: liroj, shkëpus
Примери:
Игор одвај се откина од полицијата.
Мајка му за влакно се откина од смрт.
5. (се откине) Изговори со тешкотија, офне, лелекне.
Англиски: moan Албански: rënkoj
Примери:
Му се откина еден лелек од градите.
Изведенки
1. откинува несв.
(се) откинуваат
2. откинување ср.
мн. откинувања
глаг. им.
Пример: Во кусите откинувања на свеста од темнината го понесов тој лик.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи