а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

откаже

откажат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Престане да признава важност на нешто однапред договорено.
Англиски: cancel Албански: anuloj
Примери:
Го откажа состанокот.
Потстанарите го откажаа договорот за купување на станот.
Драмскиот театар ја откажа премиерата.
2. Не признае нешто дека е вистина.
Англиски: deny Албански: mohoj
Примери:
Тој откажуваше дел од наводите на обвинението.
3. Не прифати, престане со прифаќањето на нешто.
Англиски: reject Албански: refuzoj
Примери:
Инженерите откажале да ги примат парите и да ја прифатат работата.
Тој ќе дојде, не откажа.
4. Не е во состојба да врши работа / дејство.
Англиски: fail Албански: dështoj
Примери:
Нозете ми откажаа и јас паднав.
Му откажаа рацете и тој го испушти послужавникот.
Моторот откажа.
5. Престане да прави нешто што било навика или вообичаено дејcтво.
Англиски: stop Албански: ndaloj
Примери:
Ги откажа цигарите.
6. (се откаже) Се одрече, напушти нешто договорено, нешто што се имало или што се вршело.
Англиски: reject Албански: refuzoj
Примери:
Тој се откажа од сè заради неа.
Hие се откажавме од учеството на турнирот.
7. (се откаже) Прекине врска, одноc со некого.
Англиски: give up Албански: dorëzoj
Примери:
Тој се откажал од својот син поради нивните несогласувања.
8. (се откаже) Напушти навика, вообичаена активност.
Англиски: give up Албански: dorëzoj
Примери:
Тој се откажа од пиење.
9. (се откаже) Напушти идеја, миcлење, намера, нешто што се мислело да се изврши, да се направи.
Англиски: give up Албански: dorëzoj
Примери:
Се откажа од првобитната намера да се запише на факултет.
Се откажа од мислата дека таму не е добредојден.
10. (се откаже) Одбие, напушти нешто што по закон му припаѓа, му следува.
Англиски: decline Албански: refuzoj
Употреба: Правда
Примери:
Се откажа од својот дел од наследството во корист на брат му.
Изведенки
1. откажува несв.
(се) откажуваат
2. откажување ср.
мн. откажувања
глаг. им.
Пример: Долгогодишна работа со многу откажувања.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи